Временската прогноза зимска есен

од Vladimir Zorba
188 прегледи

  

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Попладне постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и на исток.

 

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Од утре следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура.

Слични содржини