Врховниот суд на САД денес формално ги отфрли барањата за брзо разгледување на случаите поврзани со исходот на изборите во пет држави во кои победи избраниот претседател Џо Бајден, поднесени од претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници.
Станува збор за резултатите од изборите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.
И пред тоа, судиите не преземаа ништо во тие случаи пред минатонеделното пребројување на изборните гласови на Конгресот, што ја потврди победата на Бајден.
Судот сè уште може да постапува по жалбите поврзани со изборите на 3 ноември подоцна оваа зима или на пролет. Неколку судии изразија интерес за случајот во Пенсилванија, каде Врховниот суд на таа држава одлучи да го продолжи рокот за прием на гласачките ливчиња добиени по пошта за три дена, поради противењето на законодавецот под републичка контрола.
Но, дури и ако судот покрене случај поврзан со изборите, тој веројатно нема да ги сослуша аргументите до есен.