Вртоглава цифра: Објавено колкава хуманитарна помош ќе биде потребна во 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

ОН процениле дека во 2024 година ќе бидат потребни вкупно 46 милијарди долари за помош на милиони луѓе погодени од хуманитарни кризи ширум светот, вклучително и оние на окупираните палестински територии, Судан и Украина.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања објави, како дел од својот Глобален хуманитарен преглед за следната година, дека во 2024 година ќе биде потребна хуманитарна помош за околу 300 милиони луѓе, поради воени конфликти, климатски вонредни состојби и економски фактори, што вклучува околу 74 милиони луѓе во Источна и Јужна Африка, од кои голем дел се погодени од кризата во Судан.

Шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс, објави дека хуманитарниот систем во светот се соочува со криза поради недостиг од финансиски средства.

Слични содржини