ВТА се уште се сомнева во безбедноста Пенг: „Видеото не докажува ништо“

од Vladimir Zorba

Кинеската тенисерка Шуаи Пенг (35) во последните денови ја загрижи јавноста бидејќи и се губи секаква трага откако го обвини поранешниот кинески вицепремиер и член на Комунистичката партија, Џанг Гаоли за сексуална злоупотреба.

Бројни луѓе од светот на тенисот, но и надвор од него, изразија голема загриженост за безбедноста на тенисерката, како и сомнеж за автентичноста на нејзините неодамнешни пораки испратени по електронска пошта и објавени на Веибо.

Објавата во која Пенг напиша дека поранешниот кинески вицепремиер Џанг Гаоли ја принудил на секс, набрзо беше избришан од социјалните мрежи, а темата беше блокирана во дискусија на кинескиот интернет простор, кој е под строга цензура.

Кинеските државни медиуми и организаторите на турнирите објавија и видео снимки на кои Пенг е видена на вечера со пријателите, но ништо од тоа не докажува дека тенисерката не е под контрола на властите бидејќи сè уште не може директно да комуницира со неа.

Ху Ксијин, истакнат државен новинар и уредник на Глобал Тајмс, веќе објави на социјалните мрежи дека Пенг е безбедна и дека наскоро ќе се појави во јавноста.

На официјалната веб-страница на Меѓународниот олимписки комитет е наведено дека тенисерката во 30-минутниот разговор со претседателот Томас Бах објаснила дека е безбедна и се чувствува добро, дека живее во својот дом во Пекинг, но и дека би сакала нејзината приватност да се почитува во овој момент. Таа го „поминувала времето со пријателите и семејството“ и додаде дека „ќе продолжи да игра тенис“.

Кинескиот новинар Ху Ксијин веќе е обвинет за политичка пропаганда, а ВТА се уште се сомнева во безбедноста на поранешната победничка на Ролан Гарос и Вимблдон.

– Мило ми е што ја гледам снимката на Пенг, но се уште е нејасно дали таа е слободна и може сама да одлучува, без изнуда или надворешни влијанија. Само видео не е доволна. Останувам загрижен за здравјето и безбедноста на Шуаи и дека нејзините наводи за сексуален напад се цензурирани и турнати под тепих. Јасно кажав што треба да се случи бидејќи нашиот однос со Кина е на крстопат“, рече извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон, кој веќе и се закани на Кина дека ќе ги одземе организациите на сите турнири, вклучително и на ВТА финалето.

Слични содржини