По 59 годишниот маж од Кикинда, во Србија денеска е забележан втор смртен случај на заболен пациент од коронавирус. Како што изјави министерот за здравство, Златибор Лончар, станува збор за жена на возраст од 92 години, која била на респиратори.
Утринава таму се забележани нови 17 случаи, или вкупниот број на потврдени случаи на заразени изнесува 188 лица, 11 лица се хоспитализирани и се без компликации, додека шестмина се на домашно лекување. До осум часот во националната лабораторија на Институтот Торлак, вкупно 700 лица биле тестирани на коронавирусот.
Утринава постарите од 65 години, на кои досега им беше забраното излегувањето, им беше дозволено во периодот од 03 до 09 часот да излезат од своите домови за да се снабдат со потебните намирници и лекови. За таа намена беа отворени 2000 продавници ширум Србија.
Синоќа во Србија пристигна и првата голема пратка од Кина на голем број медицински помагала, заштитна опрема и на шестмина кинески експерти, која лично ја дочека Вучиќ.