Второ лапсус на Бајден неделава: Ја помеш Ангела Меркел со починат германски канцелар

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден по втор пат оваа недела ги измеша имињата на европските лидери, спомнувајќи го двапати починатиот германски канцелар Хелмут Кол наместо поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Говорејќи на настан во Њујорк каде што собирал средства за неговата изборна кампања, Бајден, како што пренесува „Ен-би-си Њуз“, направил низа лапсуси, опишувајќи ги разговорите што ги имал со европските лидери на состанокот на Групата седум (Г7) во Велика Британија во 2021 година.

Бајден на двата настани рекол дека Хелмут Кол, кој почина во 2017 година, го прашал како ќе реагира кога ќе прочита дека некои луѓе упаднале во британскиот парламент и убиле полицајци „за да го спречат изборот на премиерот“.

На самитот на Г7 во 2021 година присуствуваше и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел.

Белата куќа не ги коментираше последните гафови на Бајден.

Американскиот претседател претходно го помеша францускиот претседател Емануел Макрон со поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, кој почина во 1996 година, на предизборен настан во Лас Вегас во вторникот.

Бајден го направи лапсусот додека ги раскажуваше настаните од состанокот на Г7 во 2020 година веднаш по победата на изборите.

Слични содржини