Вучиќ: Ако се закани националната безбедност, Србија херметички ќе ги затвори своите граници

од Nikola Popovski

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека им наредил на српската армија, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за безбедносни информации да подготват планови за затворање на границите доколку националната безбедност се закани за време на мигрантската криза, јавува „Анадолија“.

„Ако се закани националната безбедност на Србија, ќе ги затвориме нашите граници херметички“, рече Вучиќ пред новинарите, откако го постави камен темелникот на фабриката „Brose“ во Панчево, додавајќи дека се надева оти тоа нема да се случи.

Тој рече дека Србија е подготвена да ги затвори границите во рок од 12 часа и повтори дека се надева оти нема да има потреба да го направи тоа.

Вучиќ изјави дека Србија покажува хуманост кон мигрантите, но не сака да биде жртва.

„Нема да дозволам ние да бидеме единствената жртва или некој да помисли дека тоа треба да бидат само државите од Западен Балкан,“, рече Вучиќ.

Слични содржини