Вучиќ: Да правевме ваква иницијатива со Црна Гора и БиХ, ќе не обвинуваа за создавање „Голема Србија“

од Nikola Popovski

Да правевме ние ваква иницијатива со Црна Гора и БиХ, би не обвинувале за создавање на „Голема Србија“. Вака затоа што е со Скопје и Тирана, никој нормален не може да го каже тоа, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прес-конференција после Економскиот форум во хотелот „Александар Палас“.

Според него, од почетокот кажал дека сите може да учествуваат, но да бидеме политички коректни.

-Тоа што не раздвојува да не биде најважно прашање. Сакам да видам повеќе Албанци во Белград, но и нашите граѓани да бидат добредојдени во Драч, нема ништо лошо во тоа, рече Вучиќ, додавајќи дека прави најдобра работа за својата земја.

Слични содржини