Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Декларацијата на Србија и република Српска, чија цел е зачувување на јазикот и културниот идентитет, ќе биде готова од 25 ноември до 1 декември.
Според него, тоа е бениген документ, и сите во светот ќе го признаат.

Вучиќ во ТВ интервју рече дека не ги разбира критиките на таа декларација, затоа што на неа се уште не почнало да се работи.
„Немаме напишано ни една буква“, вели Вучиќ.
Проблемот е во тоа што некои луѓе се задоволни кога Србија е загрозена и понижена, а незадоволни кога на некој ќе му се пристори дека Србија ја кренала главата, макар и никого да не загрозуваме, смета претседателот.
„Тоа за нив станува опасно. Но, Србија ќе ја рева главата, Србија никогаш повеќе нема да се наведнува и да го урива достоинството и гордоста, затоа што Србија е слободна и независна земја“, вели Вучиќ.