Вучиќ и БИА ги следат Александар Родиќ и уредниците на српски Курир

од Vladimir Zorba
89 прегледи
 

Претседателот на Србија и премиер Александар Вучиќ му наредил на новопоставениот директор на Безбедносно-информативната агенција Братислав Гашиќ да го стави под надгледување претседателот на компанијата Александар Родиќ, како и неколку членови на уредувачкиот колегиум и да ги прислушкува. Неколку автомобили со оперативци на БИА се паркирани во близина на зградата во улица Влајковичев во Белград каде се наоѓа „Адрија Медија Груп“.

Компанијата „Адрија Медија Груп“ е сопственик на „Слободен печат“, најтиражниот дневен весник во Македонија.

Како што дознава српски Курир донесена е одлука Александар Родиќ оперативно да се следи 24 часа дневно за претседателот и премиер Вучиќ во секој момент да знае каде се наоѓа тој и со кој се гледа. Промената на уредувачкиот колегиум на весникот Курир од пред неколку дена очигледно ги збунила оперативците на БИА па како што дознава српски Курир, започнале оперативна работа за истражување на информациите за кариерите на новите колеги во весникот.

повеќе тука