Вучиќ и “Српската напредна партија” е убедлива на локалните избори во Белград

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Партијата на Вучиќ победи на изборите во општинскиот совет на Белград.

Српската напредна партија, предводена од претседателот Александар Вучиќ, е победник  на  локалните избори во Белград. Ова се податоците од  дел од , обработените гласови  од социолошкиот центар “Ипсос”. Според информациите на “Ипсос” СНС добила поддршката на 45,1 отсто од гласачите. Покрај неа долниот праг од 5%  го поминале уште три политички сили. Станува збор за партијата на поранешниот градоначалник на Белград, Драган Ѓилас (18,8%), независниот кандидат и поранешен претседател на општина Нови Белград Александар Шапич (9%) и “Социјалистичката партија на Србија” на актуелниот министер за надворешни работи на Ивица Дачиќ (6,1% ). Првичните реакции се дека изборите биле наместени. Александар Вучиќ на то реплицира дека народот препознава дела а на веттувања

Потсетуваме дека локалните избори во Белград  беа мирни и  сите 1185 избирачки места се затворени во 20 часот по локално време . Според анкетите за јавното мислење, одѕивот на гласачките места надминува 51,3%. На изборите учествуваа вкупно 1 милион 611.000 граѓани со право на глас. Српскиот претседател на ГИК Зоран Лукиќ изјави во етерот на националната телевизија дека гласањето е извршено без сериозни нарушувања. Според Лукиќ крајните резултати ќе бидат јасни во рок од 24 часа по затворањето на избирачките места, односно до 20:00   на 5 март по локално време. Околу 24 места, партиски коалиции и граѓански групи се натпреваруваа за можноста да влезат во општинскиот совет на Белград со 110 места.