Вучиќ и Тачи договориле продолжување на дијалогот

од desk2
100 прегледи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по разговорот со претседателот на привремените косовски институции во Приштна Хашим Тачи, со посредување на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, изјави дека е договорено да се продолжи со дијалогот и примената на веќе постигнатите спогодби.

„Основање Заедница на сропски општини се подразбира, тука нема понатамошни преговори“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија пренесе дека бара забрзан пристап на Србија во ЕУ.

Тој рече дека подготовка за продолжување на дијалогот потребно е месец и половина и истакна дека не е исклучено дијалогот да продолжи на претседателско ниво.

„Треба посериозно и похрабро да се разговара за идните односи“, вели Вучиќ.

Претседателот на Србија најави и состанок со претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск на 14 јули во Брисел.