Вучиќ: Не сакаме во НАТО, сакаме руско оружје

од desk2
93 прегледи

Србија е на европскиот пат, но немаме намера да му се придружиме на НАТО, порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Истовремено вели дека Србија планира да купи најмалку шест руски воени хеликоптери и системи за воздушна одбрана.

„Србија е на европскиот пат, но разликата меѓу Србија и другите земји од регионот е во тоа што Србија не сака да му се придружи на НАТО. Ние избравме пат на воена неутралност и тоа неодамна им го кажав на лидерите на држави, членки на НАТО“, рече Вучиќ во интервју за руска агенција.

Тој во интервјуто за Тасс, потсети дека Србија добила шест руски воени авиони MiG-29, кои се модернизирани, а очекува дека во следните неколку месеци ќе бидат во оперативна готовност.

„Покрај тоа, сакаме да купиме оружје – најмалку шест транспортни хеликоптери и системи за воздушна одбрана“, вели Вучиќ.