Вучиќ подготви вечера за Заев и Рама во Словенија

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, организираше вечера за премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама во ресторанот „Земоно“ на почесниот конзул на Србија во Словенија, Томаж Кавчиќ.

Вучиќ, кој утре ќе учествува на Стратешкиот форум во Блед, им се заблагодари на Кавчиќ и Словенија за гостопримливоста на Инстаграм.

„Ова до мене е Томаж Кавчиќ, почесниот конзул на Србија во Словенија. Се наоѓаме во неговиот ресторан Земоно, сигурно едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде, со помош на Томи морам се добро да подготвам, а оваа мангулика во лебот е посебен специјалитет“, напиша Вучиќ со фотографија од ресторанот.

Слични содржини