Вучиќ: Ѝ продаваме електрична енергија на Македонија

од Nikola Popovski

Србија има најевтина струја во цела Европа, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на обиколката на работите за изградбата на компресорската станица Велика Плана.

– Имаме најевтина струја во цела Европа. И сето тоа затоа што произведуваме најмногу електрична енергија во регионот. Ѝ продаваме електрична енергија на Македонија. Растат и нашите потреби за електрична енергија, имаме зголемен број фабрики, поврзуваме голем број градови – рекол Вучиќ.

Вчера српскиот претседател беше во дводневна посета на Скопје, каде учествуваше на Економскиот форум, по повод новото името на иницијативата за регионална сораотка „Мини-Шенген“, која отсега ќе се вика „Отворен Балкан“.

Слични содржини