Вучиќ: Составуваме важно писмо за најбруталното мешање на важна земја во изборите во Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во четвртокот изјави дека државните органи на Србија составуваат „важно писмо за плеткање и мешање на важна земја во изборниот процес на Србија на најбрутален начин“.

„Тоа ќе биде завршено до Нова година, а потоа ќе го испратиме до целиот свет за да може да се види како се врши вакво мешање во процесите кои суверено припаѓаат на независна земја“, изјави Вучиќ за новинарите во Врбас.

„Кога станува збор за градските избори, веројатно, ако листата на Бранимир Несторовиќ не поддржи никого, повторно ќе излеземе на избори, а парламентот ќе се конституира многу брзо“, потенцира Вучиќ.

Тој истакна дека изборите во недела биле најчисти и најфер досега и дека никогаш не добил повеќе честитки од странство. Тој ѝ порача на опозицијата сериозно да се подготви за важните локални избори напролет.

„Го почитувам секој глас, речиси 900 илјади гласови на поранешниот режим, но и 1,8 милиони гласови кои ги добивме ние. Ќе се почитува изборната волја на народот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека најубавите честитки ги добил од францускиот претседател Емануел Макрон, но и оти, бидејќи изборите не се претседателски, европските претставници го чекаат крајот на целиот изборен процес.

Слични содржини