Поранешниот тренер на Вардар, омилениот меѓу навивачката група „Комити“, ексцентричниот Веселин Вујовиќ, даде една доста популарна изјава вчера пред самото финале во ЛШ.

Вардар го доби Веспрем, за втора европска титула, но пораката која ја прати Вујо, треба силно да одзвони во одредени спортски кругови во државата.
„Ова што го направи Вардар е порака до цела Македонија. Сметам дека државата и владата треба да го внесат овој спортски бренд (ВАРДАР), во уставот на државата, за никогаш овој клуб да не згасне“, порача Вујо мајсторе./Sportklub