Вујовиќ: Сакам Македонците во Вардар да ги „гризат“ странците

од Берта Китинска

Македонскиот шампион Вардар ќе има нов тренер, а тоа е легендарниот Веселин Вујовиќ.Тој по трет пат во својата кариера ќе ги предводи „црвено-црните“, но прв пат откако клубот стана двократен европски шампион.

Вујовиќ, во интервју за „Балкан-хандбал“ зборуваше за составот и очекувањата за новата сезона.Тој очекува Македонците да ги „гризат“ странците, односно да бидат на исто ниво.

– Имав разговори со младите македонски играчи. Барав оваа лето да одат на боречки спортови. Пивотмените на борење или џудо, а бековите и крилата на бокс или кик бокс. Има неколку причини. Сите боречки спортови се во дијагонален став. Така е и со ракометот. Ќе добијат на цврстина, агресивност и храброст. Знаете како е со играчите, штом работат во теретана, веднаш малку ги гледаат бицепсите во огледало. Не сакам Македонците во Вардар да играат алиби улога и да сметаат дека се што ќе направат лошо, дека ќе го поправат странците. Сакам да ги „гризат“ странците, да ги скубат и да не им даваат да играат повеќе од нив. Посакувам целата постава да биде од Македонци, па нека странците само гледаат, ма колку и да се платени, изјави легендарниот Вујовиќ.

Слични содржини