Вулин: Вучиќ, отфрли го нон-пејперот и распиши предвремени избори

од Nikola Popovski

Денес министерот за внатрешни работи Александар Вулин побарал од српскиот претседател Александар Вучиќ „да се жртвува уште еднаш и да отфрли секаков разговор за нон-пејпер и признавање на Косово“ и „веднаш да распише предвремени избори за да може нацијата да каже што мисли за признавањето на Косово, но и со тоа им овозможи на сите страни да се појават пред Србија и да покажат од што се создадени и за кого се“.

„Го замолувам претседателот Вучиќ да одбие да зборува за признавањето и да им соопшти на големите сили кои напишаа нон-пејпер дека решението за прашањето на Косово и Метохија не може да се најде без решение за Република Српска и националното прашање на Србите како целина“, рекол Вулин преку писмена изјава, пренесена од Социјалистичкото движење, чиј претседател е тој.

Тој изјави дека е „целосно свесен дека, доколку претседателот Вучиќ ја отфрлил иницијативата на големите сили, тоа може многу лесно да биде неговата последна борба“.

„Ако сакаат конечен договор, големите сили нека предложат конечно решение за српското национално прашање како целина, а не во еден дел од српскиот свет. Го замолувам Вучиќ да ја искористи својата жртва, уште еднаш, за да го спречи признавањето на Косово. Само тој може да го направи тоа и само тој смее. Барам многу, но имам од кого“, Вулин.

Слични содржини