За брзо возење 512 санкции на територијата на цела држава

од Stefanija Kuzmanovska

Санкционирани се 512 возачи на територијата на целата држава за брзо возење.

Во текот на вчерашниот ден (16.09.2022) министерството за внатрешни работи продолжило со зајакнатите акциски контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од таму информираат дека од вкупно санкционираните 512 возачи, 51 возило се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 242 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 270 надвор од населено место.

Слични содржини