Тонот му е бистар и содржи голема човечка топлина. Иван Крастев е еден од најоригиналните и влијателни европски мислители, пишува германскиот неделник “Ди Цајт” во прегледот за неговата книга “По Европа”.

По демократските револуции источните земји доживеаја демографска контрареволуција, а денес многу од нив не сакаат да живеат во општество каде петкарошите се натпреваруваат за стипендии, додека двойјкашите се борат на улицата.
“Тој не сака ниту да ја спасува Европа, ниту да се гине за неа. Тонот му е бистар, но во исто време содржи голема човечка топлина. Во деновите кога во Полска се борат за спасување на правната држава, едноставно нема посоодветена книга од оваа: со “По Европа” Иван Крастев се чинеи дека веќе ги проценува штетите од земјотресот на континентот, додека тој уште продолжува да се тресе. Во перцепцијата на Крстев добро познатото ни изгледа лошо: откако бегалската криза го зајакнува антилиберализмот на демократиите во Источна Европа, а европскиот модел, настанат по 1989, се тресе. Крастев е подготвен за дезинтеграција, хаос и сиромаштија. ”
Авторката на преглед потсетува на идилата од пред дваесетина години, кога целиот свет како да сакаше да стане европски: просветлениот и секуларниот, со владеење на правото. Но оваа идила се сопнува во пречката што Крастев ја опишува вака: како може да има универзални права, откако денес луѓето живеат во општества со многу различен степен на слобода и просперитет? Токму поради тоа многумина избираат автократска држава која за да ја чува сопствената благосостојба против бегалците кои пристигнуваат по нашите граници токму во името на човековите права .
Интелектуалец чиј глас се слуша во целиот свет
“Крастев ни покажува дека внатрешните противречности, во чија стапица спаѓаат источните,и не се само опасни, но и разбирливи. Бидејќи по демократските револуции тие доживеаја демографска контрареволуција: граѓаните почнаа да се раселенуваат. (…)
Да го читаш Крстев е уживање, бидејќи во неговото стилска уметност се собрани заедно како љубовта кон литературата, така и убавината на мислата , но и недостатокот на било какви политички илузии.
52-годишниот Бугарин е еден источноевропски интелектуалци чиј глас се слуша во целиот свет: на универзитетите, меѓу властодршците, во тинк тенковите. (…) Крстев веќе со години личи на единствена сила за брза реакција. Како политички консултант тој е исклучително ефикасен паневропеец, во Софија раководи еден центар за политички стратегии, предавал во Будимпешта, учествува во создавањето на различни тинк тенкови, во Берлин има статус на постојан визитинг научник во Виена игра клучна улога во Институтот за науки за човекот, а мецената Џорџ Сорос го фали како единствен светол глас. Десно, лево, горе, долу, Исток, Запад – овие категории не се доволни за да се опишат мислите и активностите на Крстев. Тој си ја заработил независноста. “(…)
“За Бугаринот Иван Крастев токму искуството ја предизвикува одлучувачката разлика во односот кон Европа. Се случува во моментов тој доживува како некакво дежа ву: без никаков напор настапува на крајот на нештата со нешто кое сме го знаеле на што сме навикнати и што секогаш сме го мислеле за вечно.
Европа е длабоко поделена, но пукнатините не е само меѓу богатите и сиромашните или меѓу Север и Југ, како што мислат западњаците. Европскиот пукнатини ги дели претежно тие “кои тестираа на грбот на распадот на некогаш моќниот комунистички блок, и другите, на кои им беа заштедени овие трауматски искуства.
Противречностите на “нашиот свет”
Понатаму во опширната преглед на Елизабет фон Тадеј, објавен во “Ди Цајт”, таа пишува за противречностите на овој “наш свет”. За спротивставениот став кон туристите, од една страна, и кон бегалците, од друга. Или кон слободата на движењето и обезлуѓувањето на Источна Европа. Во овој контекст авторката го цитира набљудувањата на Иван Крастев:
“Да ја земеме Бугарија. Секој десетти Бугарин ја напушти земјата, а според прогнозата на ОН во 2050 година населението ќе се стопи со 27%, а економската сила – со 10 проценти.” Во напуштените региони останале само возрасни луѓе кон кои Крастев чувствува сочувство: “Осаменостана индивидуата е смртно, поинаку од човекот кој припаѓа на некоја група.” Разбирајќи ги стравовите на многу свои сонародници, тој прашува: “Дали после сто години се уште некој ќе чита бугарски стихови?”
Кој ли не би ја разбрал оваа тага? Возрасните родители на патници глобалисти се крепат во своите домови во родната земја, за да не пречат на среќата на своите над мобилнит деца и внуци. А го популистите ветуваат она што никој друг не го ветува: заедница, а за надвор трка . Меритократски елити гледаат на општеството како на училиште, каде петкрошите се натпреваруваат за стипендии, додека двојкашите се борат на улицата, популистите сепак го разбираат општеството како сложно семејство чии членови меѓусебно се одржуваат не само затоа што го заслужуваат, но и затоа што се поврзани од нешто заедничко . “Гласачите гласаат за такви влади, едноставно затоа што според нив некој треба да се грижи за семејните врски.”
Прекумерен скептицизам
На крајот на прегледот авторката упатува кон Иван Крастев и неколку критични забелешки – најмногу поради тоа што не ги “проверува достапните политички алатки”, со чија помош би можела да се санираат Европа:
“Зошто на пример не се произнесе за нова европска аграрна политика која ќе ги почитува регионалните култури, природата и интересите на малите селани, наместо земјата да биде продава на инвестициски фондови и да биде опустошено од моно – политика која ќе ги мотивира луѓето да останат во земјата си? (…)
И зар навистина е точно дека бегалската криза скрши сè? Та нели Виктор Орбан беше демократски избран уште во 2010, а близнаците Качински дојдоа на власт во почетокот на ова столетие? ”
Рецензентката обрнува внимание и на фактот дека ( издание на германски јазик) книгата само во поговори одбележува оптимистичките европски трендови – победата на Макрон во Франција и поразот на популисти во Холандија. И меко го обвинува Иван Крстев за прекумерен скептицизам:
“Единственото му послание гласи: Европејците треба да бидат подготвени на повеќе компромиси меѓу себе треба да имаат волја за помирување и храброст да склучуваат неочекувани коалиции.”
Опширнаиот преглед во “Ди Цајт” е илустрирана со слика на Иван Крастев, под која пишува: “Иван Крастев е роден во 1965 година, а денес е еден од најоригиналните и влијателни европски мислители.”
………………………………………………………
* Насловот е на редакцијата, оригиналниот наслов гласи: “Да се преживее е сè”./„Ди Цајт“
