За Македонија кризите се шанса, рече Николоски запрашан за најавените царини на Трамп за ЕУ

од Nikola Popovski
36 прегледи

Треба да сме паметни. Овој бран на инвестиции кој што сега го имаме во државата се случи во времето кога Виктор Мизо беше прв човек на сето она што значеше привлекување на странски инвестиции во Македонија, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за ЕУ и запрашан дали тоа може да се одрази врз македонското стопанство.

Николоски додаде дека Мизо и неговиот тим многу паметно ја искористиле европската должничката криза и претходно светската економска криза.

-Мислам дека кризите за Македонија се шанса затоа што доколку многу компании кои што бегаат од одредени дестинации, можеме да ги привлечеме тука и наместо да губиме работни места, да отвораме нови и мислам дека тоа ќе го гледате во периодот што доаѓа, кажа министерот на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника.

Министерот беше во присуство токму на Мизо кој што е генерален директор на „Костал Македонија” и потпретседател на Стопанската комора.

Трамп се уште ги разгледува плановите за воведување царини од 10 отсто за ЕУ. Овој потег ќе ја разгори веќе почнатата глобална трговска војна, која започна кога американскиот претседател воведе огромни давачки за стоките увезени од Мексико, Канада и Кина. Лидерите на ЕУ сигнализираа дека блокот ќе биде подготвен да возврати на САД доколку Трамп ги исполни своите закани.

Слични содржини