За мечот со ПСЖ: Реал го распродаде „Бернабеу“ за 37 минути

од Vladimir Zorba

Сите билети за првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСЖ беа распродадени едвај за 37 минути, соопштува „Марка“.

Најскапите билети беа по цена 24 илјади евра, но и од нив веќе нема. Капацитетот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ е 81,044 места и нема да има ниту едно празно седиште за големиот натпревар кој ќе се одржи на 14. февруари.

Судирот против ПСЖ е исклучително важен за Реал, бидејќи тимот заостанува на 19 поени од лидерот во Ла Лига, Барселона и отпадна од Кралскиот Куп.

Лошата вест за тренерот на „белите“ Зинедин Зидан е дека нема да може да смета на казнетиот Дани Карвахал, чија санкција беше зголемена од УЕФА. Зад себе сепак Реал ќе ги има илјадниците фанови на „Бернабеу“, кои при лош тек на средбата, можат да донесат спротивен ефект врз Кристијано Роналдо и компанија.

Слични содржини