Премиерот Никола Груевски потврди дека со неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети  разговарале за вклучување на ФБИ во случајот „Монструм“, во кој шестмина се осудени на казна доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.  Но, според Груевски одлуката за евентуалното ангажирање на американското федерално биро за истраги е во рацете на Апелациониот суд. Единствено тој може да го повика ФБИ да биде дел од меѓународна експертиза на судскиот процес, вели премиерот Груевски.

Gruevski-Ahmeti-4-520x3251

„ Но, сепак, тоа е работа на судот, во случајот на Апелациониот, и негова и само негова може да биде одлуката дали ќе повика некој да дојде, а пак тој што ќе биде повикан, негова ќе биде одлуката дали ќе прифати. “

За прашањата околу престрелката во Кондово меѓу активисти на истата партија порача да се адресираат до Министерството за внатрешни работи. Тој не сакаше да го коментира инцидентот во кој било пукано и од службено оружје на вработен во МВР и имаше многумина со прострелни рани

„Не можам да ги коментирам, не ги знам деталите, тоа е работа на МВР, ве упатувам таму, се надевам дека тие брзо ќе ги расчистат сите работи и ќе ви дадат детални информации за она што вие го барате.“ 

Иако премиерот одбива да коментира, ова е опасен преседан , затоа што повторно се промовира водење на политика со оружје и со убивање .

Опасно е што станува збор за фронтмени, нивни поддржувачи од институциите на државата кои се и биле платени од Владата,или  случувања на колиционен партнер на владата, партија во која МВР нема ингеренции!

КОј пукаше?
Според партиски извори во ДУИ, блиски до екс министерот за правда –  браќата Јакупи, кои важат како подржувачи на екс министерот за правда Блерим Беџети и на терен работат за неговиот човек да го добие претседателското место во општинскиот огранок во Сарај – трпеле  последици во нивната работа од функционери  блиски до потпретседателот на Собранието, Рафзи Алити.
Во конкретниот случај еден од браќата Јакупи, Јонуз, кој , според информациите од ДУИ , работи како водник во АРМ, бил преместен од Скопје во Велес. Тој заедно со брат му сметале дека зад ова стоеле браќата Незири, кои преку  функционер во АРМ, извесен Мухамед Раца, средил Јакупи да добие прекоманда.
Оваа приказна  ја потврдуваат и функционери на ДУИ кои важат за блиски до Алити. Дел од функционерите  со кои контактираше 24 Вести , за сево ова индиректно го обвинуваат лидерот на партијата Ахемти, кој велат, дозволи и покрај завршените  општински избори во  најголем дел ограноци на ДУИ, меѓу кои и во Сарај пред  парламентарните избори  годинава.
Чија е одговорноста ?
Двата лежерни одговора на премиеорт  Груевски  за „Монструм“ и за „ каубојците на ДУИ“, се дефокусирање но не и оправдување! Треба да се знае  чија е одговорноста што „каубојците“ мислат дека се над законот и можат да пукаат и да убиваат со службени пиштоли. Не е за сеир! Тие пукаа во нивни нели , а утре кој е на ред? Можеби пострашно е што  Ахмети заработува ама не им верува на институциите на Македонија. Овој државен систем не му одговра кога казнува кога дава тендери е добар. ЗА судење  бара  надворешни-странски институции и експерти,  ете  ФБИ, тие сме гледале  по филмовите највише ги личи. А премиерот замисли  прифаќа да зборува за тоа !?
 Ај вака, дали г-дине Премиер вашиот колиционен партнер  и неговите,  се и натаму над законот и за што
им/ни служат македонските институции?  Тие се законот систем или нешто веќе видено како во 2001 или…?
Ад

Слични содржини