“Тврдина” – така Марија нарекува го старото работно место. Нејзин работодавец била владејачката Српска напредна партија (СНС), а нејзината задача преку насочени постови и коментари на интернет да претставува во позитивна светлина политиката на премиерот Александар Вучиќ, чиј менаџерски стил станува автократски.
Троловите на Белград
во Србија од почетокот се шпекулира за тајната армија од тролови. Тие се како сосема “нормални граѓани” во различни форуми, во коментарите под статиите на познати онлајн-изданија и на социјалните мрежи. Во написите си ја фалат Владата а ги оцрнуваат неистокомислениците. “Тешко ми беше да ја вршам оваа работа. Затоа многу добро знаев дека станува збор за лаги”, раскажува Марија за списание “Newsweek”. Од разбирливи причини жената не сака да го каже вистинското име.
Марија е една од ретките што се осмели да раскажат за работа како трол. Веројатно го направила, бидејќи веќе живее во странство и поради тоа се надева дека не може да биде достигната од долгата рака на српските владетели. Најмногу во нејзиниот расказ се размерите на тролската организација. Марија објаснува дека станува збор за цели контингенти од trolls, кои дејствуваат во различни градови. Работат на смени под контрола на чуварите, кои ја следат внимателно нивната работа. Плаќањето не е воопшто лошо: од 370 евра нагоре, што одговара на просечната плата во Србија. “Станав трол поради една единствена причина: за да си обезбедам опстанок. Тоа беше единствената моја шанса, бидејќи не можев да си најдам вистинска работа”, вели Марија.
Српскиот премиер Александар Вучиќ и неговата СНС дојдоа на власт пред пет години. И оттогаш забележуваат само победи. Во 1990-тите најсилниот човек од Белград натрупа огромно искуство во сферата на пропагандата и цензурата. Во последните години од режимот на Милошевиќ, за време на косовската војна, националистот Вучиќ беше министер за прашањата на комуникацијата. Во реалноста, сепак тој се занимаваше главно со цензура и пропаганда.
Со својата нова партија Вучиќ се врати во политиката како проевропеец, подготвен да се бори ден и ноќ за светлата иднина на својот народ. Тој неуморно труби за реформите потребни за ЕУ, а за дијалогот со некогашната јужна покраина Косово конечно е потргнат на страна. Со други зборови: од гледна точка на Брисел Вучиќ само си ја врши работата. Критичарите на родната земја, сепак го прекоруваат дека оди кон на авторитарниот стил на управување, дека го контролира речиси целосно српскиот медиумски пејзаж дека на важни позиции именува само свои верни следбеници.
Според Михаило Тесиќ, блогер и маркетинг-експерт, трајната популарност на Вучиќ се должи најмногу на содржините што се емитуваат од локалните телевизии. Србите поминуваат во просек по пет часа на ден пред телевизиските екрани, а најгледаните српски канали се верни на владата.
Според едно ново истражување, само околу 25 проценти од Србите се инфомират главно од интернет. Затоа и за владејачката партија работат не повеќе од неколку стотици тролови. “За секој од нив сепак постојат илјадници идентитети”, раскажува една српска онлајн-експертка која сака да остане анонимна.
Манипулација и дезинформација
Политичките противници на СНС одамна знаат дека зад Вучиќ стои цела армија од trolls, кои објавуваат коментари во најчитаните медиуми и портали. “Целта е да се создаде впечаток дека граѓаните целосно ја поддржуваат владата”, вели блогерот Михаило Тесиќ, а онлајн-експертката, кој побарала анонимност, а се наведува дека владините тролове се организирани многу добро. “Жирантите подаруваат секојдневно заповеди: кои се непријатели и ликовите на денот, што да се премолчува и што да се „плука“ упорно”, објаснува експертката.
тие успеваат да манипулираат неколку луѓе, како сосема намерно да ги оцрнат младите активисти, претставници на опозицијата и критички новинари, нарекувајќи ги “странски агенти” и “смутители на редот”, предавници кои ја подготвувале почвата за државен удар.
А сепак повеќето коментари на троловите се прилично прозирни. Особено често користен е следниов: “Честитки, Вучиќ!”. Теоретски оваа лесна работа би можеле да ја вршат и т.н.. bots – програмите за составување на коментари. Засега тие не се софистицирани за да можат да состават безгрешни и смислени коментари на српски јазик.
Белградската фондација SHARE со години ги истражува новите медиуми. Нејзините соработници добро знаат какви се последиците од појавата на оваа паралелна реалност. “Во почетокот мислевме дека социјалните мрежи би можеле да се претворат во една од основите на демократијата, дека токму тие ќе го ослободат општеството од информативниот монопол. Но оваа проценка се покажа погрешна”, вели програмскиот директор на SHARE Дорде Кривокапиќ. И додава: “Кога не сме слободни во реалното простор, нема како да бидеме слободни ниту во дигиталниот свет”./DW