Заблеска идната принцеза: Се појави во фустан кој веднаш потоа се распродаде

од desk2
104 прегледи

Каде и да се појави, американската актерка Меган Маркл со својата убавина и стил остава впечаток. Овојпат одушеви со нејзиниот фустан кој во момент се распродаде.

Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на традиционалниот кралски Божиќен ручек, а папараците успеаја да снимат фотографии од верниците пред Бакингамската палата.

Иако не можеа да добијат добар увид во комбинацијата на идната принцеза, модните стручњаци открија дека Меган носи преубава креација на британскиот бренд „Self Portrait“.

Фустанот со јака околу вратот, црна чипка и сукња со А крој, се распродаде со брзина на светлината.

Тоа е доказ за модното влијание на американската актерка, која наскоро ќе стане член на кралското семејство. Како ви се допаѓа креацијата?

https://www.instagram.com/p/Bc9emmuHfDg/?taken-by=kings.al1

https://www.instagram.com/p/Bc8M7EYgNJd/?taken-by=meghan.and.harry

https://www.instagram.com/p/Bc8N5GhDL3G/?taken-by=luzzious_boutique