Заев: Ако има согласност од сите политички партии за изборите ќе излезат сите граѓани на гласање

од Берта Китинска
186 прегледи

На прашањето дали се плаши владејачката партија од мала излезеност на парламентарните избори поради епидемијата со коронавирусот лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес изјави дека ако има согласност од сите политички партии, на избори ќе излезат сите граѓани.

– Ако излеземе сите политички партии на парламентарните избори, ќе излезат сите граѓани. Проектирано во мојата глава, значи зборуваме за месец дена подоцна, тогаш ќе има нормален живот. Во маркетите сега има поголема гужва отколку на избирачките места, на крајот на денот сите луѓе се излезени се движат и се рекреираат. Се надевам дека нема да бидеме последна земја каде ќе се намали бројот на заразени од коронавирусот, изајви Заев.

На прашањето што доколку изборните резултати не бидат во полза на СДСМ, Заев повторно потенцираше дека е убеден во победа.

-Јас сум убеден дека ќе победиме. На крајот како ќе кажат граѓаните, тие се конечни владетели, секако јас сум убеден во таа победа, изјави Заев.

Фото: Борче Поповски