Заев: Ако сакам да се скарам со Бугарија не ми треба Мицкоски, тоа можам и сам да го направам

од Берта Китинска
184 прегледи

Ако сакам да се скарам со Бугарија не ми треба Мицкоски,изјви премиерот Зоран Заев откако беше прашан за ставот во врска со барањата на опозицијата за средби со опозицијата за постигнување на национален консензус во спорот со Бугарија.

-Ако седнеме на разговор со опозицијата, онаква како што е поставена сега, би можело да предизвикаме нови кавги со Бугарија. Ако сакам да се скарам со Бугарија не ми треба Мицкоски, тоа можам и сам да го направам. Целта е да го градиме пријателството и да изнаоѓаме решенија“, изајви Заев.

Премиерот во врска со воведувањето на кризната состојба, напомена дека во овој момент не се исклучува можноста за полициски час.

-Во моментов не се разгледува, но тоа е работа на Комисијата за заразни болести, која има надлежност да побара, изјави денеска премиерот Зорна Заев по средбата на Советот за безбедност.Останува препораката да не се движиме по 21 час, освен ако имаме неопходна потреба. Кога се прогласува кризната состојба има дебела причина зошто тоа се прави. Се ова е со цел да се има болнички капацитети”, посочи премиерот Заев.

Слични содржини