Заев: Ако сме држава којашто 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро

од Берта Китинска

Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис, изјави денеска во Пробишти премиерот Зоран Заев, на прашањето да ја искоментира иницијативата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на Законот за попис.

-Ако сме држава којашто 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро. Убеден сум дека ќе имаме успешен попис од 1 до 21 април, онака како што е предвидено.Очекувам од опозициската најголема партија будно да го следи процесот и да ги мотивира граѓаните сите да се приклучат затоа што само така е исправно и убеден сум дека ако одложиме до есен, тогаш ниту кампања не можеме, следната година влегуваме во 2022 година, можеби ќе биде непредвидлива никој не може да каже што ќе се случува. Се е подготвено за одржување на пописот, рече Заев.

Слични содржини