Заев: ДУИ после изборите оди во опозиција, Дестани демантираше дека сака да биде кандидат за премиер

од Nikola Popovski

„ДУИ сака само партиско-политички калкулации, тоа е поената на нивниот предлог за премиер Албанец“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според него, ДУИ ќе губи гласови и ќе оди во опозиција со ваква кампања.

„ДУИ ги потценува граѓаните со ваквиот предлог. Тие не го кажуваат името на нивниот кандидат и нема ни да го кажат. Ако го кажат името, знаат дека ДУИ не може да ги повика сите албански партии заедно. Ете го господинот Дестани демантираше дека тој сака да биде нивен кандидат“, посочи Заев.

Тој рече дека ДУИ заминува во опозиција после изборите и дека „редно е да видат малку што е опозиција, здраво ќе биде за нивната партија, но и за државата“.

Слични содржини