Заев: Фајзеровите вакцини ќе пристигнат во земјава на крајот на месец март

Во рамки на својата посета на Штип, за изградбата на далеководот Штип-Овче Поле, премиерот Зоран Заев најде прилика да сподели информација во однос на вакцините.

Имено, тој потврди дека фајзеровите вакцини до крајот на месец март ќе пристигнат во земјава.

„Не се работи за наша несериозност во набавката на вакцините. Едноставно, има недостаток во нивното производство. До крајот на март ќе добиеме 21 илјади вакцини од Фајзер, а потоа следуваат и кинеските, и вакцините од Русија. Апелирам дека сите треба да се вакцинираме, да ги следиме упатствата на експертите и здравствените работници“, истакна премиерот Заев.

Слични содржини