Се плати авансот за КОВИД вакцината и на седница на Владата ја утврдивме банкарската гаранција за да потврдиме дека ќе биде исплатена целата сума за набавка на вакцината против КОВИД-19, соопшти премиерот Заев во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
-Го плативме авансот за КОВИД вакцината и ја обезбедивме банкарската гаранција за да потврдиме дека ќе биде исплатена целата сума за набавка на 833.000 вакцини против КОВИД-19, а ќе бидат обезбедени уште 800.000 од ЕУ.Вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Во подготовка и логистичката организација на целата операција за вакцинирање против КОВИД-19. Вакцинацијата за граѓаните ќе се врши во постоечките здравствени капацитети, вакцинални пунктови и болници, вели премиерот.
Заев информираше дека е во подготовка и логистичката организација на целата операција за вакцинирање против КОВИД-19 за што денеска се донесени неколку одлуки.
. Во тек на следната недела ќе започне процесот на на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините за Ковид 19. Сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината треба да бидат обучени со поддршка од СЗО“, рече премиерот.