1,6K
Сакам вечерва да испратам порака до градот дека Владата заедно со Скопје на чело со Шилегов, ќе ги дислоцираме споменици од проектот „Скопје 2014“, соопшти вечерва премиерот и претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот на партијата во општина Карпош.
Според него, спомениците ќе се дислоцираат на полјана близу градот и од нив ќе се направи музеј.
-Тоа може да го поднесе државата, не чини пари и ќе го реализира за да остане симбол дека Скопје е прогресивно, дека Скопје слуша, Владата слуша и постапува по укажување на граѓаните, наведе Заев.