Финансиската криза ја пречекавме стабилно и мислам дека ќе ја пребродиме многу подобро од некои наши соседни земји.
„Еден дел од компаниите може да влезат во криза зошто вработените им се дома, чуваат деца, еден дел зошто вработените им се под карантин, еден дел ќе влезат во криза зошто не може да набават усровини, други зошто им ги откажуваат договорите за продажба на производите. За нас сите фирми се домашни, без разлика дали имаат странски или домашен капитал, плаќаат даноци, даваат плати, еднакво гледаме на сите фирми. До крајот на неделата верувам дека ќе се развие целиот пакет мерки, за да можеме да ги одвратиме фирмите од неопходноста да испуштаат работници. Државата ќе подаде рака за да може да се одржат на достоинствени плати и да продолжат да функционираат и заедно сите да ја пребродиме кризата“, вели Заев.
Тој посочува дека мерките уште од идната недела ќе бидат на располагање. Заев изрази верување дека ќе се зголемуваат финансиите по неколку основи, додавајќи дека сите заеднички ќе се преброди кризата.
„Треба да ги доработиме сите пакети, заедно со синдикатите и коморите и верувам дека ќе бидат задоволни сите во земјата како сме нашле мерки да помогнеме на стопанството“, рече Заев.
Тој додаде дека ратите за април ќе може да бидат платени во јуни месец, посочувајќи дека ќе има поместување од три месеци, како една од мерките за помагање на фирмите.
„Треба да знаеме дека во прехрамбената индустрија, аптеките, фармацијата, енергетиката, рударството и сето тоа работат. Тие ќе бидат добредојдени да помогнат преку авансна уплата на своите давачки“, истакна Заев.