Заев ќе побара разрешување на директорот на ДПИ Пауновски

од Viktor Jovanov

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски му е пријател, но сепак ќе побара од службите на Владата да биде покрената постапка за негово разрешување.

Според Заев, Пауновски не ги прифати 35 рамковните вработувања кој беа предвидени за во неговиот инспекторат и направил недозволен пркос во јавноста бидејќи се препукувал со него и потпретседателот на Владата, Љупчо Николовски.

Пауновски претходно изјави за медиумите дека и по цена да биде разрешен од директорското место, нема да отстапи од одлуката дека нема да ги прифати рамковните вработувања со образложение дека тие лица сакаат канцелариска работа, а не теренска каква што предвидува неговиот инспекторат, а повеќето од нив немаат соодветно образование.

Слични содржини