Заев: Ќе се испочитуваат роковите, платформата за онлајн настава ќе биде подготвена

од Aleksandar Petrovski

Во интервју за националниот сервис, премиерот Зоран Заев истакна дека ќе се испочитуваат роковите и платформата за онлајн настава за учениците ќе биде подготвена.

-Навреме ќе биде подготвена платформата благодарни сме на факултетот Финки, МАСИТ и сите други кои што работат на таа платформа. Ќе се испочитуваат роковите, ќе се тестира таа платформа, ние очекуваме меѓу 40 и 80 отсто да биде користеност од дечињата на платформата. Мора да ги предвидиме сите околности. Сакам да знаат сите дека највисок приоритет останува здравјето на граѓаните, во овој случај здравјето на децата и затоа донесовме одлука да започнеме со еден мешан модел каде што 1, 2, и 3 одделение тргнуваат со настава, а сите други ќе следат онлајн настава. Во октомври ќе ги следиме работите и ќе ги носиме одлуките во соработка со родителите и општините, рече Заев.

Слични содржини