Заев: Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“

од Берта Китинска

Повод Меѓународниот ден на младите премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека стапката на младинска невработеност во земјава од 41,9% во 2016 е намален на 29,6 % во 2020.

– Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на младите, под темата „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“, со цел да се потенцира дека без учество на младите, не може да се постигне глобален успех во таа насока.

Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна.

За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци. Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома.

Исклучително е важно, да се адресираат и други клучни предизвици кои се дел од #Агенда2030 на Обединетите Нации, а тоа се намалувањето на младинската невработеност, социјалната вклученост, здравствената грижа, зачувувањето на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.

Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“, што даде значителен успех во однос активноста на младите на пазарот на труд во нашата држава.

Заедно со другите сеопфатни и координирани младински политики, како што е Оперативниот план за вработување, стапката на младинска невработеност од 41,9% во 2016, се намали на 29,6 % во 2020.

Ја увидовме потреба од инклузија на младите во важните општествени процеси и затоа, денес преку Законот за младинско учество и младински политики во сите органи на државната управа и во единиците на локалната самоуправа има назначено службеник за млади, кој ќе им помага на младите за прашањата што ги интересираат од доменот на конкретната институција (https://vlada.mk/sluzbenik-za-mladi).

Младите преку личен ангажман беа и сѐ уште се активни во справувањето со последиците од КОВИД-19.

Сакам да оддадам признание и благодарност до младите доктори, кои се директно или индиректно вклучени во здравствениот систем и кои неуморно се борат за животите на нашите граѓани и до сите млади волонтери, кои преку индивидуален, но и колективен ангажман, придонесуваат за справување со пандемијата.

#InternationalYouthDay се одржува секоја година на 12 август и е иницијатива која ги слави квалитетите на младите и ги препознава предизвиците со кои може да се соочи денешната младина.

Денешниот #МеѓународенДенНаМлади го одбележуваме, препознавајќи ја препознаваме важната улога на младите во креирањето на демократско општество и преку институциите заедно креираме политики за подобар живот за сите граѓани. – напиша премиерот Заев.

Слични содржини