Заев: Мицкоски има проблем со македонскиот јазик и идентитет, ДУИ ја прифати резолуцијата

од Nikola Popovski
351 прегледи

„ДУИ ја прифати резолуцијата. Само треба да се смени формалното име и да се утврдат одредени формалности, за да биде взаемно прифатена од сите“, изјави денес премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Виница.

Според него, со ова ќе му потврдат и покажат на Мицкоски, „којшто го има проблемот со македонскиот јазик и идентитет“.

„Преку заедничката резолуција ќе го потврдиме тоа што е неспорно за сите дома“, додаде премиерот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак реагираат дека СДСМ и ДУИ не треба да наоѓаат изговори и да ја поддржат резолуцијата.

„Без донесена Резолуција зоран Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе наговестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи Резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија. Оваа влада не знае за ништо друго освен за работење спротивно на Уставот и законите“, велат од партијата.

Слични содржини