Заев: На средбата со Дуџак ја потврдивме поддшката од ОН за нашата земја

Потврдена поддршката на ОН за С.Македонија, беше темата на дененшната средба помеѓу премиерот, Зоран Заев и Росана Дуџак, инаку постојана координаторка на ОН во нашата земја.

Како што информираа од прес службата на Владата, на состанокот соговорниците се осврнале на иницијативата на ОН, Фонд за мир, посветен на Западен Балкан, при што е изразена согласност дека земјава е пример за стабилност и дијалог.

„Се обрна внимание на реформите кон коишто е посветена држава во делот на менаџирањето со кризи и придонесот што може да го дадат ОН преку техничка поддршка и пренесување искуства во насока на што поголема ефикасност на системот за управување со кризи“, соопштија од Владата.

Инаку, најавена е и поддршка од ОН и во областа на здравството, како и во областа на животната средина и културата.

„Констатирано е дека Владата, на национално ниво покажува определеност кон активностите за заштита на Охридскиот регион, а премиерот Заев истакна дека наодите во нацрт извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО, за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион се еден од владините приоритети“, стои во соопштението од владината прес служба.

Меѓудругото, на средбата, премиерот Заев нагласил дека продолжува – и со поголема посветеност, имплементацијата на документот „Рамка за соработка на одржлив развој на Обединетите нации“ за периодот 2021-2025 година, што е стратешка програмска рамка за активностите на ОН во нашата држава, кон постигнување на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на ОН.

„Ги поддржуваме милениумските развојни цели и определени сме кон мир, заштита на човековите права, уште поголемо зајакнување на ефикасноста и одговорноста на институциите“, заклучил премиерот Заев.

Слични содржини