Заев: Не гледам како нашиот политички опонент очекува гласови

од Vladimir Zorba

„Не гледам како нашиот политички опонент очекува гласови. Немаат став за клучните прашања, едно зборуваат дома друго надвор. Беа единствените кои што се радуваа на историската грешка на Европската унија, рече Заев на денешната граѓанска трибина „На прав пат“ во Гостивар.

Тој потсети на однесувањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и постојаното менување на ставовите.

-Само тој зборуваше за Договорот со Бугарија дека бил капитулантски, дека ги предал нашите национални интереси. И го видовме сега на телевизија. Вели „сичко што е добре, јас поткрепам“. Таму го поддржува договорот, се врати назад, пак не го поддржува договорот. Ќе му ја дадеме државата да ја води? Нема, нема да му ја дадеме да ја води. Нема став и не може да води, посочи Заев.

-Дури и ЕПП, каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, завчера донесоа Резолуција со којашто потврдија дека е историска, пред се грешка на ЕУ и повикаа брзо да се исправи таа грешка. Само Мицкоски зборуваше дека биле во право некои лидери на ЕУ што не дале датум за почеток на преговорите. Дури и Макрон призна дека сме исполниле се. Згора на се дека Договорот со Бугарија и Договорот со Грција се пример за сите. Само Мицкоски се радуваше. Ако мисли дека така ќе дојде полесно на власт, нема да дојде, рече претседателот на СДСМ.

loading...

Слични содржини