Заев од Прилеп: Ги остваривме идеалите на борците од НОБ кои ги положија своите животи за слободна Македонија

од Берта Китинска
105 прегледи

„Од Паркот на Револуцијата во Прилеп, пред Могилата на непобедените, порачувам – да бидеме горди и сплотени бидејќи заедно ја остваривме тридецениската стратешка цел на македонскиот народ и на сите наши сограѓани – нашата земја, Северна Македонија е членка на најмоќниот воен сојуз во светот, НАТО, изјави лидерот на СДСМ“, Зоран Заев.

Тој во своето обраќање вели дека ние сме НАТО. И дека денес сме стабилни и безбедни.

„Инвестициите ни се гарантирани. Не сме повеќе сами и изолирани, дел сме од голем сојуз кој не штити и во кој ни се слуша гласот.Ги остваривме идеалите на борците од НОБ кои ги положија своите животи за слободна Македонија. Ја вративме земјата на вистинскиот пат што тие ни го осветлија. За истите вредности се бориме и се изборивме. За слобода, за напредок, за солидарност и социјална сигурност.И не застануваме тука. Продолжуваме понатаму до полноправно членство во ЕУ. Преговорите со ЕУ ни носат ред, дисциплина, промена и стабилна иднина“, вели Заев.

Слични содржини