Заев потврди: Завршенa работа е, за една недела ќе има нова влада !

од Vladimir Zorba
 

Верувам дека за 10-15 дена Македонија ќе има нова влада предводена од СДСМ. Останува да седнеме со претседателите на другите партии и да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на владата. Сега се веќе обезбедени потписите за добивање на мандатот, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев,  на прес конференција во Сараево, БиХ, каде ја прими наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа.

– Синоќа знам дека раководството на ДУИ донесе одлука да ги даде потписите затоа што како второрангирана партија бевме условени од претседателот на дражавата Ѓорге Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот. Сега се веќе обезбедени потписите за добивање на мандатот. Јас верувам дека останува мал дел од преговорите околу формирањето на влада заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програама, платформата на СДСМ, платформата на албанските партии, законот за употреба на јазиците се усогласени. Тоа беа суштествени работи – рече Заев, кој посочи дека до 8-ми или 10-ти март ќе се соопшти составот на новата влада.

 

Заев оцени дека во Македонија се одржаа кредибилни и регуларни избори кои, како што рече, не беа до крај фер и демократски, а беа резултат на упорната борба на опозицијата да обезбеди услови за регуларни, фер и демократски избори.

– Немаше фалсификат на самите избори што е многу значјно, пред се, за граѓаните. Верувам дека лево ориентираните партии повторно ќе добијат шанса од граѓаните за полека да ги вратиме вредностите. Горд сум што мојата партија ја поддржуваат сите етнички заедници. Како левичар верувам дека мултикултурализмот претставува ветар во грб за развојот на државите, а не слабост и пречка – рече тој.

На есен Заев потврди дека ќе учествува на голема конференција на левите партии во Сараево, БиХ.

Според редоследот на нештата за очеување е викендов  да биде соопштена одлуката  од СДСМ и  ДУИ и новата коалиција , дека официјално потписите се собрани, а за понеделник или во исто време да биде закажа седница на парламентот.

Откако ќе биде комплетран парламентот и биде избран негов претседател, ќе бидат и депорнирани потписите , и побаран мандатот од претседателот Иванов. До колку тој почне со своите „политички игри“ надвор од неговите ингеренции, тогаш парламентот ќе ја конституира новата влада, и ќе изврши промени  на власта.

Тоа ќе значи дека по 10 години власт ВМРО ДПМНЕ заминува во опозиција, а СДСМ на чело со Заев конечно се враќаат на чело на државата.

 

ПРЕЗЕМЕТЕ БЕСП

loading...

Слични содржини