Заев се мисли меѓу Спасовски и Николовски за технички премиер, Мицкоски ќе го предложи Јовевски за министер за труд

од Vladimir Zorba

Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Радмила Шекеринска се имињата кои лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ги размислувал како имиња за технички премиер, кој на 3 јануари ќе ја преземе должноста да ја води владата до изборите на 12 април.

Според извори на Локално од владејачката партија, Социјалдемократите на Централен одбор ќе одлучуваат помеѓу Спасовски и Николовски, откако Заев одлучил дека Шекеринска е потребна на министерската позиција до целосно ратификување на протоколите за влез во НАТО, нешто што на крајот треба да го изгласа и македонскиот парламент.

На местото дополнителен заменик министер за внатрешни работи, доколку Спасовски биде избран за технички премиер, се размислувало помеѓу членот на ЦО на СДСМ и поранешен организационен секретар, Миле Зечевиќ или пак кадар на предлог од коалиционите партнери, додека пак дополнителен заменик министер за труд и социјална политика ќе биде министерката Мила Царовска, како кадар на СДСМ кој на анкетите покажал најдобри резултати.

Со имиња се калкулира и во ВМРО-ДПМНЕ. Технички министер за труд и социјална политика, според партиски извори на Локално ќе биде професорот Лазар Јовевски, кој Христијан Мицкоски го најави како негов помошник за трудово право, а нема одлука кој ќе го замени Оливер Спасовски во МВР, уште едно место на кое треба да седне технички министер од опозицијата.

Александар Тодески

Слични содржини