Заев: Се одбележуваат 26 години од дипломатските односи со САД

од Nikola Popovski
186 прегледи

На 13 септември 1995, тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави, Вилијам Ј. Клинтон ја објави коресподенцијата со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров со која се потврдува одлуката на САД за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, само две години по отворањето на Канцеларијата за врски на Америка во Скопје, објави премиерот Зоран Заев.

Според него, САД и Северна Македонија, со меѓусебната почит како стратешки партнери, се посветени на заедничките заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и на заедничките активности во борбата против тероризмот и против другите закани за мирот ширум светот.

-Со нашето полноправно членство во НАТО, пријателството со САД доби нова димензија во зајакнувањето на безбедноста, слободата и демократскиот просперитет на Република Северна Македонија и во целиот регион. Огромна е поддршката на САД и преку донациите доделени преку различните проекти и програми на УСАИД во Северна Македонија. Таа поддршка ја покажува длабоката почит на САД за Северна Македонија, која за нас е исклучително важна и во спроведувањето на нашата агенда за реформи, стои во објавата на премиерот.

Слични содржини