Заев: Во борба против тешките дроги ќе имаме претстојна дебата околу легализацијата за канабисот

На новинарко прашање, на денешната прес конференција,врзано за најавите за петти пакет на економски мерки, кога би можеле да го очекуваме, па и легализацијата на канабисот, премиерот Зоран Заев вели:

„Во борба против тешките дроги, ќе имаме претстојна дебата околу легализацијата за канабисот. После празниците, ќе разговараме со сите фели околу формирањето на новиот пакет мерки. Оваа година е година на рестарт, кризите се можност, се зависи од нас, колку ќе ја искористиме оваа можност. Владата работи на услови, самиот период на кризата, би сакале да го искористиме како можност да добиеме квантен скок на економијата. Преку инвестиции во гасната инфраструктура ќе имаме гас и од Азербеџан, Катар, Америка, покрај рускиот гас. Се градат и ветерници, која ќе биде 100% домашна инвестиција.“

Слични содржини