Заев: Во недела гласаме, излезете и потврдете ја шансата за нашата земја да продолжи напред

од Берта Китинска

„Во недела носиме одлука – ќе продолжиме напред со научените лекции или ќе дозволиме со земјата и со градовите да завладејат неизвесност и опасност?

Во недела правиме избор помеѓу искрени политичари, кои не се безгрешни секако, но народни и отворени, или пак, оние другите, политичари без став, со скриени агенди, бранители на криминалот, политичари со кои не знаеш на што си, опасни за државата“-истакна првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, во своето видео обраќање по повод гласањето во недела, вторниот круг локални избори во трката за градоначалник.

„Без оправданија, без изговори и без тајни планови. Искрено, бидејќи јас и не можам поинаку. Некои велат дека искреноста била мојата слабост, други ќе се насмеат на некој гаф од јавните настапи, но јас сум тој, Зоран Заев, еден од вас, еден од народот. Па, не си божество ако си премиер. Заврши времето кога на големците не можеше името да им се спомне. Летаа одмазди и закани на сите страни. Но да знаете, додека сум јас тука – тоа нема да се повтори. Премиерот е и ќе продолжи да биде прв меѓу еднаквите, ништо повеќе. А, таков мора да биде и градоначалникот. Ете за тоа гласаме во недела. Затоа треба да излеземе сите и да заокружиме какви и кои политичари ќе ги водат градовите, а со тоа и државата. Искрени и приземјени или недопирливи манипулатори?“-додаде Заев.

Слични содржини