Заев за ДУИ: Коалицијата е многу флексибилна, некаде ќе одиме со поддршка во вториот круг

од Nikola Popovski
224 прегледи

Премиерот Зоран Заев денес порача дека коалицијата со ДУИ за локалните избори е многу флексибилна и е 100-процентно заокружена за целата наша земја со цел да води грижа и внимание и за помалку бројните политички партии со пратеници или со гласови од претходните избори.

-Ние сме владина коалиција со повеќе политички партии, а најголем коалиционен партнер на СДСМ е ДУИ, но тука се и партнерите Беса и ДПА од албанскиот блок и 24 партии плус имаме од коалицијата „Можеме“. Многу ни е важно целата коалиција да опстојува, иако ги има сите права да биде поразлична, бидејќи сега се локални избори, избор на личности, каде на граѓаните им се важни кандидатите и кандидатките за советници и градоначалници, рече премиерот.

На прашањето каков резултат очекува од источниот регион доколку изборите се утре, премиерот и лидер на СДСМ рече дека очекува голема победа, но потенцира дека тоа е работа на граѓаните.

-Некаде ќе одиме со поддршка во вториот круг, а некаде ќе дадеме шанса на кандидатите на помалите партии и не би било својствено ДУИ да ни даде поддршка во првиот круг на нас или ние да дадеме на ДУИ, кога има кандидат од Беса или од српските партии, турските партии и слично, се со цел да дадеме шанса низ демократски процедури граѓаните да бидат тие што ќе ги водат конечните коалиции, додаде Заев.