Заев за Лукаревска: Сања не е многу различна од мене, од неа можам многу да учам

од Nikola Popovski

„Сања Лукаревска е една од првите луѓе во партијата и носител на листите. Таа добро ја знае државната политика, но и внатрепартиската“, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран после вчерашниот конгрес на партијата, за емисијата „360“.

Според него, тие сите знаат да бидат по некој пат различни, но на крај сите стојат заедно позади одлуките на партијата.

„Сања е со исти верувања со мене, не е многу поразлична, но за некои прашања знае да биде различна од мене. Таа е личност која многу научи од СДСМ. Таа е добар познавач на даночната политика и од неа можам многу да научам. Исто така е и добар правник“, вели премиерот објаснувајќи ја одлуката зошто директоркат на УЈП е поставена за потпреседател на СДСМ.

Заев смета дека со овој шарен и подмладен состав, партијата уште повеќе ќе ја унапреди социјал-демократијата.

„Многу е важно во демократијата да го следиме гласот на граѓаните. Верувам во новиот состав“, рече премиерот, додавајќи дека во моментов не може да каже дека партијата е 100 отсто единствена, поради најавените независни листи на членови на СДСМ од Охрид.

Слични содржини