Интегрално ја премесуваме Изјавата за медиуми на Зоран Заев, претседател на СДСМ дадена поа Централниот одбор на партијата во Охрид.
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Благодарам за фокусот на новинарите и медиумите денеска овде, при одлуката на Централниот Одбор и седницата која што се држи со соодветните одлуки кои што денеска ги носиме. Заради тоа што покрај партиски импакт имаат и сериозен општествен импакт и важно е за сите граѓани да знаат какви одлуки носиме, во кој правец ќе се движат политиките на Владата предводена од страна на Социјалдемократскиот Сојуз.
Денеска примат се стави на три цели, првата е политичката одлука во делот на промените во извршната власт. Денеска имавме дебата во поглед на актуелните случувања во Република Северна Македонија, во делот на меѓународните политики, но и во делот на домашните политики. Од тука, излезе заклучок кој што Централниот Одбор го изгласа вечерва и тоа го задолжи претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, кој што е истовремено и Премиер на Владата на Република Северна Македонија, т.е. јас, да продолжам со процесот или отворената реконструкција на владата, односно да не носиме одлука за предвремени парламентарни избори, да не одиме во постапка на враќање на мандатот, туку да продолжиме со она што беше првично замислено, а тоа е реконструкција на владата.
Уште еднаш појаснуваме, сите овие политики на градење на ваква перцепција и за дома и во јавноста, беа заради заокружување, за бетонирање на извесната евро интеграциска иднина на нашата земја. Покрај тоа што одлично се движат процесите на ратификациите за нашето полноправно членство во НАТО. Знаете дека втората, исто важна цел е конечно, после 15 години, да добиеме датум за почеток на преговорите. Уверувањата ги добивме од земјите членки, Европскиот Совет ќе донесе заклучок, ќе има изјави на Европскиот Совет, кој ќе се одржи, 20/21 јуни. А, секако Бундестагот, ќе ја направи верификацијата односно гласањето за извештајот на Европската Унија во септември и конечно добивањето на датумот за преговори ќе следува во месец октомври.
За нас беше важно, ако заради ваквите консталации за изборите во Европскиот Парламент, кои што го пролонгираа Извештајот на Европската Унија, ако е веќе тоа причината за октомври, октомври да биде октомври. Да не се случи некое ново пролонгирање. Свесни бевме дека меѓувладината седница, односно седницата на владата со Европската Унија е некаде замислена во декември, без разлика дали е одлуката во јуни или е во октомври, во декември фактички почнуваат самите преговори, отварањето на поглавјата 23 и 24 и навистина два или три месеци не се толку важни, но важно е да биде конечно донесена одлуката.
Драго ми е што и Бундестагот пред своите претставници, пратениците, тоа го верификуваше, односно јавно преку изјава го потврди. Сето тоа не става во позиција, да го скратиме секое можно време на било кои политички промени и да донесеме одлука која што е најцелисходна за државата и за граѓаните, а тоа е да завршат промените и да продолжи владата со целиот свој капацитет да ги извршува своите фунции заради тоа што сме посветени дома и на реформите понатаму, но и на економските перспективи кои што се еден од најважните примати на работењето на владата во оваа 2019 година.
Втората одлука беше избор на органи и тела на Социјалдемократскиот Сојуз. Денеска донесовме одлука, избравме извршен одбор на партијата, избравме организационен секретар на Социјалдемократскиот Сојуз, избравме секретар за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот Сојуз и го избравме Директорот на центарот за истражување и аналитики на Социјалдемократскиот Сојуз , кои што се исто така важни позиции.
Следува уште една седница на Централниот Одбор каде што ќе ги избереме само уште потпретседателите на партијата. Отприлика некои контури се направени, но секако ќе продолжат одредени консултации кои што за некои десетина дена ќе бидат заокружени. Мене ми е многу важно заради тоа што уште еднаш потврдуваме дека зборот важи.
Рековме промени, и секако тие промени се случуваат. Зборот важи затоа што рековме дека ќе бидеме и ќе даваме повеќе простор на жените и еве и тоа се случи. Покрај тоа што немаме ниту законска ниту статутарна обврска, денес докажавме дека сме прва политичка партија во која највисокиот Извршен Одбор на партијата на СДСМ, има повеќе жени од мажи. Денеска избравме 16 членови на Извршниот Одбор од коишто 9 се жени.
Сакаме да ја испратиме пораката на користењето на еднаквиот капацитет на државата помеѓу мажите и жените, заради тоа што знаеме дека немаме сеуште рамноправна еднаквост, рамноправност помеѓу мажите и жените, вградени и во политичкиот систем на општеството но и во општествениот систем на нашата земја, за да можеме и тој потенцијал максимално да го искористиме. Верувам дека таа порака ќе стигне до многу државни институции, до многу општински институции но и политички партии.
Јас сум горд на одлуката на Централниот Одбор којшто денеска ја донесе.
Дозволете да ги соопштам имињата на Извршниот Одбор, Организациониот секретар на партијата, секретарот за Меѓународна соработка и на Директорот на Центарот за истражување и анализи.
Чен на ИО е Фросина Ременски од Ѓорче Петров, Проф. д-р на Безбедност, Благојче Бочварски, актуелен градоначалник на Штип и дипломиран архитект, Рената Десковска, од Кисела Вода и Аеродром, Проф.д-р на Правни науки, Костадин Костадинов од Струмица, дипломиран економист и актуелен Портпарол на СДСМ, Есра Салихи од Арачиново, дипломирана на Филолошкиот Факултет во Скопје, Ѓоко Танасовски од Охрид, дипломиран Машински инжињер, Весна Ѓершанд од Сопиште, Проф.Д-р на ПМФ, Васко Талески од Битола, дипломиран правник, Тања Стојановска Иванова од Карпош,
Проф.Д-р на Филолошкиот Факултет, Драган Тевдовски од Аеродром, Проф. Д-р на Економскиот Факултет и актуелен Министер за Финансии, Љатифа Шиковска од Шуто Оризари, дипломиран професор по Физичка Култура, Стефан Богоев, актуелниот Градоначалник на Карпош, магистер по економски науки, Кети Василевска од Гостивар, дипломиран правник, Нина Велкова од Кочани, инжињер по индустриска логистика, Петре Шилегов од Карпош, односно актуелниот Градоначалник на Скопје, дипломиран правник, и Маринела Ојлевска од Струга, дипломиран економист.
Тие се членови на Извршниот Одбор, прв пат имаме активист од делот на Ромската заедница, сакаме преку тоа да испратиме порака дека многу по посветено ќе работиме на дигање на стандардот економски на најсиромашната заедница во Република Северна Македонија а тоа се Ромите.
Избравме жена, потврден активист за Ромски прашања, верувам дека не само поради неа, туку поради нејзиното учество во највисоките органи на СДСМ ќе имаме сериозен фокус во овие прашања.
За Организационен Секретар е избран другарот Душко Весковски, Магистер по човечки ресурси досега беше Претседател на ОО СДСМ Карпош, и сеуште е актуелен Директор на Водовод – Скопје, тој че ја напушти таа функција, и ќе биде Организационен Секретар само на СДСМ, заради тоа што сите продолжуваме во посветено работење на партијата, за тоа што како нов систем ќе зборува и Генералниот Секретар во изјава, а тоа е и третата точка на самата дебата којашто денеска ја имаме на Централниот Одбор.
И секако избравме и Секретар за Меѓународна Соработка, тоа е Дане Талески Д-р на Политички науки, тој и досега беше, 3-4 недели, и ќе ја извршува и во иднина оваа функција.
За Директор на Центарот за Истражување и Анализа на СДСМ е избран Мартин Попов, којшто доаѓа од ОО СДСМ Центар