Загина 16-годишно момче во скопски Чаир, со мотоцикл се судрило со 14-годишно момче на тротинет

од Milan1
192 прегледи

Шеснаесетгодишен мотоциклист од Скопје го загуби животот синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Цветан Димов“ во Скопје.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 април 2025 година, во 02.28 часот. Во сударот учествувале мотоцикл „Пиаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, и електричен тротинет што го управувал 14-годишен малолетник, исто така од Скопје.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е дадено на обдукција. Од МВР најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини